Клуб за планински велосипедизам

- | - | -
Dobra voda | Karakaska | subglobal1 link | subglobal1 link | subglobal1 link | subglobal1 link | subglobal1 link
EKO | subglobal2 link | subglobal2 link | subglobal2 link | subglobal2 link | subglobal2 link | subglobal2 link
subglobal3 link | subglobal3 link | subglobal3 link | subglobal3 link | subglobal3 link | subglobal3 link | subglobal3 link
subglobal4 link | subglobal4 link | subglobal4 link | subglobal4 link | subglobal4 link | subglobal4 link | subglobal4 link
subglobal5 link | subglobal5 link | subglobal5 link | subglobal5 link | subglobal5 link | subglobal5 link | subglobal5 link
subglobal6 link | subglobal6 link | subglobal6 link | subglobal6 link | subglobal6 link | subglobal6 link | subglobal6 link
subglobal7 link | subglobal7 link | subglobal7 link | subglobal7 link | subglobal7 link | subglobal7 link | subglobal7 link
subglobal8 link | subglobal8 link | subglobal8 link | subglobal8 link | subglobal8 link | subglobal8 link | subglobal8 link

ПОСКОК - Кочани

small logo

Кои сме ние ?

Пасионирани ентузијасти, на кои споредната рекреативна активност им е животен стил.

Возењето на велосипед е повеќе од викенд рекреација, тоа е светски тренд што сигурно навлегува и кај нас.

Ние можеби не сме пионери во велосипедизмот во Кочани, но сме достојни носители на тековните велосипедски настани.

 

Кочани и точаци ?!

Кочани има географска предиспозиција и долгогодишна традиција за масовност на користењето на точаците. Околината е претежно рамнинска со низински села и затоа како алтернативно шизичко превозно средство се користи точак. Планинската и ридска околина изобилува со црни камионски патишта како и пробиени ридски патеки, што е идеално за планински велосипедизам.

Road bike Роудбајк или точак за асфалт е точак со понежна рамка но со поголеми тркала 28 инчи или 700 мм. Поретко се користат тркала од 26 инчи. Гумите се без или со мали шари и потесни, за да се смали отпорот што го прави патот. Добар е за рекреативно возење по добар пат. Сите брзински точаци се од овој вид. Ефтините модели се железни, добрите се алумуниумски а врните модели се со карбонска рамка и вилушка.

Mountain bike Моунтинбајк се точаци со појака рамка и опрема, и карактеристично за нив е што имаат амортизери и широки гуми со крупни шари. Тркалата се 26 инчи. Точаците со предни амортизери се хардтеил (hardtail), а со предни и задни амортизери се фулсуспенжн (full suspension). Предност на хардтеил е подобра искористеност на силата и помала цена, а предност на фулсуспенжн е подобра амортизација и стабилност на полош терен. Хардтеил се подобри за апхил или возење наугорнина, а фулсуспенжн се подобри за даунхил или спуштање. Во моментот хардтеил се помасовни, но иднината е во фул, во моментот во Кочани има мал број на фулсуспенжн точаци.

Рекреативни возења Рекреативни возења со роуд бајкови во Кочани се прават до Браната кај што има и умерени успони, а во последно време популарни се и рамнинските обиколки на селата и Виница. Класични кругови се Кочани-Зрновци-Виница, Кочани-Зрновци-Виница-Јакимово-Истибања, Кочани-Облешево-Мојанци-Грдовци-Прибачево. Овие возења без проблем можат да ги практикуваат сите сопственици на точаци.

Рекреативни возења Голем број дечки и девојки имаат послаби или подобри маунтинбајкови, на кои крајно достигнување им е возење до браната каде патот и не одговара за роудбајк, а похрабрите се спуштаат по старата козја патека од браната до градот.

Спортски достигнувања Долги роудбајк тури можат да се прават по регионалните патишта до Пониква, Штип, Пробиштип, Каменица, Обозна, Смоимирово или пак кругот Кочани-Виница-Смоимирово-Делчево-Каменица. Особено активни се клубот Електрика со повеќегодишни последователни врвни достигнивања на државно и меѓународно ниво.

Напредни тури Тие што го поминале првото одделение со петка, се наши членови или кандидати за клубот Поскок. Задоволството после долг и тежок апхил и потоа адреналински спуст е причина и последица за пасионираноста на нашата група и мотивот за оваој повик на масовност. Ние практикуваме кроскантри возење, во кое до израз доаѓа физичката спремност. Даунхилот ни е умерен, поради зголемениот ризик но и конфигурацијата на теренот.

About Us | Site Map | Privacy Policy | Contact Us | ©2009 ИНФО-СОФТ